Македонија е на нозе. Нашата земја може да дојде до медал на Олимписките Игри во Токио. Нашата најголема надеж е теквондист Дејан Георгиевски, кој стигна во полуфиналето на Игрите.
Во битката за место во полуфинале го совлада Сејду Гбане со 9-4, додека за место во финалето ќе се бори проти Ин Кјо Дон од Јужна Кореја, кој е второрангиран.
Георгиевски е единствениот македонски спортист кој со норма се пласираше на Олимписките игри во Токио.