Од тренерскиот тим на Георгиевски порачаа: Македонијо радувај се, се гледаме на плоштад!

643

Дарко Костовски, тренерот на Дејан Георгиевски на својот „Фејсбук“ се пожали на судењето, но не го оспори успехот на македнскиот јунак.

„Слава тебе Господе! Имаме сребрене медал од Олимписки игри Токио 2020. Го имаме најголемиот историски успех од како нашата Македонија е независна, браво лаву, браво јунак, ти си новата спортска МАКЕДОНСКА ИКОНА, ти си идолот на новите генерации !!! Докторе Борче Костовски, за тебе имам неколку збора, ти си посебен, ти си генијалец и твојата работа низ годините наназад НЕ МОЖЕ со збор да се опише, тоа е за филм ! Фала му на господ што те имам до мене, и што те има Деки до него, денешните стратегии беа како тие на Александар Македонски.

Тесно финале, недосуден чист удар во глава, чист, но тоа е спортот, знае да е суров. Ухххх, сребро на олимписки игри во фулконтактен боречки спорт, во олимписко таеквондо, сон со кој јас и брат ми живеевме откако постои таеквондо клуб Бутел.

Македонија радувај се! Се гледаме на плоштад, се гледаме горди и достоинствени на плоштад. За Македонија!“, напиша Костовски.

ПретходноМомент за вечност – среброто на градите на Дејан Георгиевски!
СледноРадувај се Македонијо: Имаш нов ХЕРОЈ!