Радувај се Македонијо: Имаш нов ХЕРОЈ!

252

 

БРАВО ДЕЈАНЕ! Браво. Ти си тој кој што по цели 21 години успеа да ја израдуваш твојата Македонија. Ти си тој кој што и го донесе среброто, најголемиот успех на една Олимпијада во самостојна Македонија. По Ибрагимов ти си тој кој што ја буквално ја “потресе“ нацијата која е желна за вакви херои како тебе.

Да, вети злато. Донесе сребро. Сребро со златен сјај.

Ти си еден од ретките, ако не и единствен наш спортист кој што пред најголемото натпреварување онака машки, храбро, вети дека ќе ја израдуваш Македонија.

И ја израдува. Многу ја израдува. Денеска цела Македонија трепереше кога ти таму во Токио се бореше за медал, за неверојатен успех. Кога освои сребро.

Дејан Георгиевски. Ова име вечно ќе се слави во спортска Македонија. И со право.

РАДУВАЈ СЕ МАКЕДОНИЈО. ТИ ИМАШ НОВ ХЕРОЈ.

БРАВО ДЕЈАНЕ…

ПретходноОд тренерскиот тим на Георгиевски порачаа: Македонијо радувај се, се гледаме на плоштад!
СледноВо Бутел организирано се гледаше финалето на Георгиевски (ВИДЕО)