Томче Гроздановски си замина од Злате Моравце

428

Македонскиот младински репрезентативец Томче Гроздановски повеќе не е член на тимот на Злате Моравце. Играчот за врска го напушти словачкиот тим каде што настапуваше од сезоната 2018/19 и летово ќе има нов клуб.

„Ми заврши договорот со Злате Моравце и не потпишав нов. Заминувам во нов клуб до крајот на неделата“ – ни изјави Гроздановски.

Тој е стандарден член на нашата У21 репрезентација, беше дел од младинската школа на Металург од Скопје, а играше и во тимот на Кожуф.

 

 

ПретходноФИБА „Челенџер“ У18 турнир: Украина подобра од нашите јуниорки
СледноАлегри: Ќе има ротации и ќе се седи и на клупа