Уште едно кошаркарско фијаско, овој пат во Грција

2476

Денеска дефинитивно е еден од најлошите кошаркарски денови. По убедливиот пораз на женската репрезентација до 18 години (во две четвртина не постигнаа ниту еден поен), лоши вести доаѓаат од Каламата.

Во овој град се одржува меѓународен турнир за кошaркари „Под 15“ години. На првата средба нашите момчиња кои се една година помали беа демолирани од домаќинот, Грција со 121-44.

Мечот беше решен во првата четвртина, во која домаќинот поведе со 41-14, противничките кошаркари не се штедеа, напротив играа пресинг по целиот терен, сакаа овој дуел да го завршат со убедлив триумф.

Покрај нашата репрезентација на овој турнир учествуваат Полска и Хрватска. Нашите кошаркари утре ќе играат „коцкестите“.

ПретходноСилекс во пријателски меч го победи Трајал
СледноМбапе: Мојот најголем сон е со ПСЖ да ја освојам Лигата на шампионите!