Црвена Звезда и Селтик бркаат победи за опстанок во ЛШ

239

Олимписките игри се во фокусот на вниманието, но мораме да потсетиме дека паралелно се играат квалификации за фудбалската Лига на шампиони и за Лигата на конференции. Вечерва продолжуваат реваншите од 2.квалификациско коло.

Фокусот е во Белград каде некогашниот европски првак Црвена Звезда против Каират ќе брка негатива од 1:2. „Црвено-белите“ одиграа лошо во Казахстан, па се најдоа во ситуација да мора да бараа победа од два гола разлика или 1:0 за да осигураат место во 3. коло.

Инаку Звезда и Каират досега пет пати играле меѓу себе. Освен гореспоменатиот меч, претходно се соочија во 1. квалификациско коло од Лигата на Европа во сезоната 2015/16 и тогаш казахстанската екипа славеше на двата меча, со 2:1 и со 2:0.

Претходно се соочија во квалификациите на Купот на УЕФА во 2002/03, а тогаш „црвено-белите“ победија и на двата меча, со 2:0 и 3:0.

Вечерва Звезда ќе мора да ја пронајде својата игра и да ја крене формата, а Каират мора да се навикне на белградскиот вулкан кој „голта“ многу посилни екипи.

Селтик одигра 1:1 против дански Митјиланд пред неколку денови на свој терен. Сега шкотскиот гигант во гости ќе се бори за опстанок во ЛШ. Не смее да изгуби и мора да даде гол(ови) ако сака понатаму.

ВЕЧЕРВА ВО ЛШ

НЕФЧИ – ОЛИМПИЈАКОС            19 ч.
Прв меч: 0:1

ШЕРИФ – АЛАШКЕРТ     19 ч.
Прв меч: 1:0

КЛУЖ – ЛИНКОЛН           19:30 ч.
Прв меч: 2:1

МИТЈИЛАНД – СЕЛТИК 19:45 ч.
Прв меч: 1:1

ГАЛАТАСАРАЈ – ПСВ       20 ч.
Прв меч: 1:5

ЛУДОГОРЕЦ – МУРА      20 ч.
Прв меч: 0:0

ЈАНГ БОЈС – СЛОВАН      20:15 ч.
Прв меч: 0:0

Ц.ЗВЕЗДА – КАИРАТ       20:30 ч.
Прв меч: 1:2

СПАРТА ПРАГА – РАПИД              20:30 ч.
Прв меч: 1:2

ПретходноФранција на “мускули“ до триумф над Германците!
СледноДарбо и Баџи блиску до потпис со Работнички!