На утрешниот дуел со Рига јасно е дека од Бесарт Ибраими, најдобриот фудбалер на Шкендија, најдобриот стрелец во историјата на ПМФЛ, се очекуваат голови. Тука нема дилеми. Да потсетиме дека на првите три евро – средби, тетовци не постигнаа ниту еден гол.
На пресот токму Ибраими истакна…
“На овој натпревар навистина мислам дека можеме. Ние загубивме таму со 0:2, но тоа беше плод на наши грешки. Мора да ги намалиме истите и конечно да почнеме да даваме голови“ рече Ибраими.
За тоа како ги виде минатите мечеви на Шкендија, тој истакна.
“Навистина против Мура дома игравме добро, но немавме среќа. На реваншот таму првите пола час бевме добри и којзнае што ќе се случеше ако ние први постигневме гол. Така беше и со Рига. Некогаш треба да се има среќа. Не дека играме толку лошо“.