Блажевска-Еминова најдобра во својата квалификациска група, но недоволно за пласман во полуфиналето

1175

Миа Блажевска Еминова, најмладата олимписка натпреварувачка во историјата на Македонија, беше најдобра во својата квалификациска група на 100 метри слободно на Летните олимписки игри.

Блажевска Еминова трката ја мина за време од 57.19 секунди, што е за шест стотинки послабо од нејзиниот личен резултат. Таа на вртењето беше втора, но успеа да ја стигне својата конкурентка и на крајот да заврши како првопласирана.

Но тоа нема да биде доволно да се најде меѓу 16-те најдобри кои ќе обезбедат пласман во полуфиналето.

ПретходноРенова се спасуваше од пораз со Вардар во Охрид!
Следно“Пандевци“ потпишаа со поранешен младински репрезентативец на Србија!