Владата и АМС ќе го наградат Георгиевски со 1,8 милиони денари!

1463

Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски ќе биде награден од Владата со 1,2 милиони денари, или нештои помалку од 20 илјади евра, односно 19.500 евра.

Неговиот тренер Дарко Костовски ќе биде награден со блиску 600 илјади денари, додека и Агенцијата за Млади и спорт ќе му додели награда на Георгиевски во висина од 600 илјади денари.

„Владата на редовната 92-ра седница донесе одлука на нашиот претставник на Олимписките игри во Токио кој се закити со сребрен медал во дисциплината теквондо Дејан Георгиевски да му биде доделена парична награда во висина од 1.200.000,00 денари, а на неговиот тренер Дарко Костовски да му бидат доделени 600.000,00 денари.

Освојувачот на сребрениот медал во теквондо на ЛОИ Токио 2020 ќе биде награден и со дополнителни 600.000,00 денари од страна на Агенцијата за млади и спорт.“, се вели во соопштението на Владата. 

ПретходноОсвои злато па опцу „сочно“ пред целиот свет (ВИДЕО)
СледноИталијанец остана без олимписки медал поради корона