Воска одигра 1:1 со косовска Малишева!

541

Уште еден добар меч и уште еден добар резултат на фудбалерите на Воска Спорт во текот на овие подготовки. Попладнево на стадионот во Грашница во Охрид, второлигашот Воска Спорт одгра 1:1 со новиот член на Суперлигата на Косово, тимот на Малишева.

Прцви во водство дојдоа гостите, за да Изаир Емини со гол од слободен удар успеа да ги постави конечните 1:1.

Ова беше уште една добра проверка за стратегот на Воска Спорт, Раде Цицмиловиќ, да ја провери формата на својата екипа во пресрет на стартот на новата сезона во ВМФЛ – ЗАПАД, кој е закажан за 21 август.

Да кажеме дека на денешниот меч Воска Спорт имала повеќе шанси за гол, за победа, но сепак останале тие 1:1.

ПретходноНовак се избори за похумани услови во Токио, тенисерите му се заблагодаруваат!
СледноПелистер доби покана за АБА 2-лига