Актуелниот бранител на титулата Олимписки првак во ракомет, репрезентацијата на Данска и во третото коло на турнирот во Токио немаше поголеми проблеми. Триумф над селекцијата на Бахреин со 31:21, а фаворитот уште од самиот почеток па до крајот имаше контрола на резултатот.
Хансен со пет гола најјефикасен, додека Гидсел постигна гол помалку.
Шведска од друга страна со 29:28, стигна до победа над Португалија, и иако имаше предност од четири погодоци сепак на крајот можеа швеѓаните се да упропастат. Лагерген со осум гола најјефикасен кај победничкиот тим.