Дарбо и Баџи блиску до потпис со Работнички!

802

Откако задоволија во текот на пробниот период, а играа и неколку пријателски меча, Ламин Дарбо, инаку брат на Дембо Дарбо и Ебрима Баџи, се многу блиску и да останат во Работнички. Имено како што велат нашите информации, се чека комплетирање на документацијата, па така за ден – два двајцата интернационалци од Гамбија веројатно ќе бидат бидат промовирани во дресот на Работнички.

Да потсетиме Дарбо е класичен шпиц, додека Баџи е офанзивно крило.

Да кажеме и тоа дека Работнички веќе е во Скопје. Успешно ги заврши подготовките во Охрид, а во сабота го чека и “генералка“ пред стартот на сезона.

Спаринг – партнер ќе биде тимот на Саса. Мечот ќе се игра на стадионот “Борис Трајковски“ од 17 или од 17:30 часот.

ПретходноЦрвена Звезда и Селтик бркаат победи за опстанок во ЛШ
СледноНовата ѕвезда на Реал „закачил“ коронавирус, оди на лекување