„Дно дна“ на женската кошарка: Македонија У18 во една четвртина не постигна ниту еден поен!

3388

Женската кошаркарска репрезентација до 18 години во овој момент го игра вториот меч на ФИБА “Челенџерот” кој се одржува во Софија.

Денеска од овој град дојде реалната слика за женската кошарка.

Избраничките на Јелена Антиќ во првата четвртина против Словенија не постигнаа ниту еден поен. Да, убаво прочитавте, не постигнаа ниту еден поен.

Ова е вистински дебакл без разлика што станува за посилен противник.

Оваа слика го отвара прашањето, што ли се прави за женската кошарка во Македонија. Беше најавено дека ќе се врати на ниво погоре, но засега далеку сме од некое ниво. Македонија е на дното, за жал.

За среќа, Словенките како да подзастанаа откако видоа со кого си имаат работа, па Македонија постигна 13 поени во втората четвртина. На полувреме е 45:13.

ПретходноКаракамишев нов стопер на Тиквеш
СледноНеверојатниот Милак се закити со златото и со нов Олимписки рекорд!