„Драго семејство на Лидс, сакам да кажам неколку зборови. Збогувањето со вас е една од најтешките работи во мојот живот. Ми требаше време за да свртам нова страница. Благодарам на сите. Имав неверојатно голема подршка уште од првиот ден кога пристигнав, го допревте моето срце. Никогаш нема да ги заборавам навивачите, никогаш немам видено навивачи како оние на Лидс. Исто така сакам да му кажам благодарам и на клубот и на сите останати, челниците, секако и на актуелниот менаџер Марсело Биелса. Тој е најдобриот тренер на светот. Сите ќе ми недостигате. Благодарам и на сите мои соиграчи со кои го остваривме сонот и го вративме овој голем клуб во Премиерлигата. Тоа беше најдоброто чувство во мојот живот, никогаш нема да го заборавам. Ќе го гледам секој натпревар и секогаш ќе навивам за Лидс јунајтед. Збогум и секогаш ќе бидете во моето срце“, рече Алиоски.
Dear Leeds United family, saying goodbye to you is one of the hardest things in my life. It’s taken me some time to turn the page. I realize how lucky I am, to have something that makes saying goodbye to so hard. This message is for you, from the bottom of my heart. Love always, pic.twitter.com/bwLwfCVq48
— Ezgjan Alioski (@ezgjanalioski) July 28, 2021