Каракамишев нов стопер на Тиквеш

1384

Тиквеш во своите редови донесе стопер. Прашањето околу ова место го реши со ангажман на Ристе Каракамишев. Тој летово премина во Борец, меѓутоа не се задржа долго, и се одлучи Велес да го замени за Кавадарци.

Во минатото Каракамишев играше за Кожув, Скопје и Силекс. Во тимот од Кратово беше дел до крајот на минтата сезона кога се реши да бара друга средина, по испаѓањето на тимот од прволигашка конкуренција.

Каракамишев треба да го потполни местото на Стефан Костов, кој што ги скина лигаментите и го чека долга пауза.

ПретходноФилип Миленковски се врати во Пелистер!
Следно„Дно дна“ на женската кошарка: Македонија У18 во една четвртина не постигна ниту еден поен!