Двете ѕвезди на ПСЖ, Мбапе и Нејмар, си „играа“ новинар и фудбалер кој треба да одговара на прашањата. Бразилециот беше “новинар“ и на прашањето кој е најголемиот негов сон, негова желба, Французинот одговори.
“Мојот најголем сон е со ПСЖ да ја освојам Лигата на шампионите“.
Се чини дека со овие зборови тој одговори на шпекулациите дали ова лето ќе прави транссфер во Реал Мадрид или ќе остане во Париз.
Тој во продолжение посочи дека нема да му смета да освои уште една титула светски првак со Франција.
Мислеше на на СП во Катар 2022 година.
На ова Нејмар му одговори…
“Таа титула е резервирана за мене и за Бразил“.
Навистина интересно и симпатично.