Рускиот тенисер Данил Медведев е еден од фаворитите за освојуивање на медал на Олимписките игри во Токио. Тој полека но сигурно „гази“ низ изминатите мечеви, а последно беше подобар од Фабио Фоњини со 6:2, 3:6, 6:2 пласирајќи се во четвртфиналето.
Сепак, Медведев има огромни критики за организатроот и термините во кои се играат мечевите затоа што мечот против Фоњини се играше во 11 часот претпладне на 30 плус целзиусови степени.
Русинот изгледаше истоштен, изморен, побара медицински тајм – аут, а за време на истиот судијата го праша дали е способен да го продолжи мечот, на што од Медведев доби одговор, „да, но кој ќе одговара ако ја умрам тука?“.
Во следната фаза Медведев го чека дуел со Шпанецот Карен Бусто.
a very metal moment in the Olympic tennis just now as Medvedev casually asks what happens if he dies on the court pic.twitter.com/kotZxePtEw
— Timothy Burke (@bubbaprog) July 28, 2021