Новак Ѓоковиќ со денови преговараше со организаторите на тенискиот турнир во Токио, и на крај успеа. Имено поместени се термините за тениските натпревари на Олимпијадата. Па така сега место во 11 часот по локално време, тие ќе почнуваат во 15 часот.
Познато е дека во Токио тенисерите постојано се жалеа на горештините, на нехуманите услови за игра. Па така Новак мораше преку цевка од машина за време на паузите да зема воздух, додека Данил Медведев јавно праша кој ќе биде виновен ако тој умре на теренот.
По оваа „победа“ на Новак, останатите тенисери и тенисерки преку социјалните мрежи јавно му се заблагодаруваат на најдобриот светски тенисер.