Новата ѕвезда на Реал „закачил“ коронавирус, оди на лекување

191

Дефанзивецот на Реал Мадрид Давид Алаба е позитивен на коронавирусот Ковид-19 што значи дека ќе оди на лекување во наредните денови. Од Реал соопштија дека репрезентативецот на Австрија ќе ја пропушти првата фаза од подготовките, а тој е втор случај позитивен на Ковид-19 во овој период во мадридскиот тим по Карим Бензема.

Алаба е во добра состојба, нема симптоми, но мора да оди во изолација за да не ги зарази другите фудбалери.

Карло Анчелоти претходно се согласи да го пушти Рафаел Варан во Манчестер Јунајтед, па се соочи со проблеми во дефанзивниот ред и не може да ги одработи како што треба. Да потсетиме во неделата во пријателски меч Реал изгуби од шкотски Ренџерс.

Инаку Реал ја почнува новата сезона во шпанскиот шампионат на 14 август против Алавес.

ПретходноДарбо и Баџи блиску до потпис со Работнички!
СледноТиквеш се засилува со лев бек од Србија!