Претставничката на Филипините, Хидилјин Диаз е новиот Олимписки шампион во кревање товар.
Таа е освојувач на првиот златен медал за Филипини на Игрите во Токио, а како награда за тоа доби доста несекојдневен подарок. Доживотен билет од авионската компанија, „Аirasia Philippines“
„Сакаме сите жители на Азија да веруваат дека можат да успеат. Хидилјин сите не потсети дека со внатрешна сила, трпение, истрајност и големо срце може да се постигне се. Без рразлика колкав товар имате пред вас“ – рече Стив Диалсан, портпаролот на компанијата.