Македонија во следната сезона може да има двајца претставници во АБА 3-лига. По МЗТ Скопје и Работнички, во второлигашкото јадранско натпреварување може ќе го гледаме и Пелистер.
Битолскиот тим добил покана за учество во ова натпреварување, но дали ќе биде дел од истото ќе биде познато до крајот на оваа недела.
Пелистер од минатата сезона почна да го гради проектот за респектабилен тим, целта е да се врати кошарката во овој град. Битолчани добро ја почнаа сезона, но во најважните битки – паднаа. Не стигна до финале ниту во Купот на Македонија, ниту пак во плеј-офот.
Сепак овој резултат не ги демотивира челниците, тие продолжуваат да чекорат по истиот пат, обидувајќи се да стигнат до пехар.