Рига пристигна во скопскиот пекол!

653

Експедицијата на Рига, ривалот на Шкендија во утрешниот реванш меч од 2.квалификациско коло во КЛ, е веќе во Скопје. Летонците само што слетаа на скопскиот аеродром беа непријатно изненадени од тие +40 степени Целзиусови, ако се знае дека во Рига сега е околу 25 степени.

По кусиот одмор во хотелот, Летонците во 19:30 часот вечерва ги чека официјалната прес конференција, а во 20 часот и тренингот на Арената “Тодор Проески“.

Познато е дека на утрешниот меч со нашиот првак, кој почнува од 20 часот, Рига ќе ги брани тие 2:0 од првиот меч.

Можеби пеколно топлото време во Скопје и Македонија, е шансата на Шкендија.

Останува да се види.

ФОТО: Riga Football Club facebook

ПретходноФијаско на јуниорките: Пораз со 66 поени разлика и две четвртини без реализиран поен!
СледноОИ: Аргентина, Германија и Франција елиминирани, познати се четвртфиналните парови