Роглич донесе уште еден златен медал за Словенија

156

Велосипедистот Примож Роглич обезбеди златен медал за Словенија на Олимписките игри во Јапонија. Тој успеа да победи во индивидуалната трка на хронометар пред Холанѓанецот Том Домулан кој го освои среброто и Австралиецот Рохан Денис кој е бронзен. Времето на Роглич, инаку освојувач на три етапи на Тур де Франс оваа година, беше 55:04.19 што е за една минута подобро од она на Домулан.
Инаку ова е втор златен медал за Словенија на овие Олимписки игри. Претходно злато освои Бенјамин Савшек во кајак/кану.
Словенија засега има вкупно четири медали. Освен два златни има и еден сребрен и еден бронзен медал.

 

ПретходноМу го украле пасошот пред квалификациите, тајфун го одложи неговиот лет, на крајот дојде до злато на ОИ
СледноФијаско на јуниорките: Пораз со 66 поени разлика и две четвртини без реализиран поен!