Сестра му на Роналдо не веруваше во Ковид па потоа зажали

888

Семејството на Кристијано Роналдо, слично како и тој самиот очигледно дека има претстава за себе дека е нешто повеќе од само семејство на богат спортист, па често знае во јавноста да пласира изјави, па и да направи потези кои не се баш прикладни за ситуацијата во која реално се наоѓаат.

Па така, сестрата на Роналдо, Катиа Авеиро, пред извесно време на големо се противеше против Ковид 19 и мерките кои беа воведени за време на пандемијата пишувајќи на социјалните мрежи најразлични нешта.

„Доколку Кристијано Роналдо треба да го разбуди светот, морам да кажам дека овој Португалец е пратеник од Бог, таканаречен „Избраниот“. Верувам дека денеска илјадници луѓе ќе прогледаат околу пандемијата, тестирањата и сите мерки кои се воведени, токму како и јас. Ова е најголемата измама која некогаш сум ја видела“ – напиша своевремено Авеиро.

И се би било во ред околу тоа, со оглед дека нејзиното мислење и не е премногу важно, доколку и самата не била позитивна на Ковид 19, а потоа многу бргу добила и воспаление на градите. Нормално, била хоспитализирана, и е во добра состојба, но сега со сосема различно мислење.

„Ова е последна објава. Немав намера да објавувам нио вестите бргу се шират па затоа мора да ја споделам вистината. Го добив овој проклет вирус, ги следам препораките од докторите и сум добро. Им блчагодарам на сите за подршката“ – напиша Авеиро.

 

ПретходноБадоса доби топлотен удар па го предаде мечот
СледноОсвои злато на ОИ па доби доживотен авионски билет