Узбекистанската напаѓачка ѕвезда Шомуродов ја засилува Рома

207

Рома во наредните денови веројатно ќе добие уште едно засилување. „Римјаните“ се во напредна фаза во преговорите со Џенова за трансфер на напаѓачот Елдор Шомуродов. Низ италијанските медиуми веќе кружи и сумата и условите за трансфер, Рома ќе го добие узбекиснанскиот репрезентативец на позајмица за 2,5 милиони евра, а да плати 16 милиони евра за да го откупи договорот во целост.

Тоа е приближно до 20-те милиони евра што Џенова ги бара за поранешниот играч на Ростов за трансфер.

Да кажеме дека Шомуродов пристигна минатото лето во Џенова од рускиот Ростов за 7,5 милиони евра. 26-годишниот напаѓач постигна 8 голови и една асистенција во 31 меча во Серија А. Тој може да игра и како централен напаѓач, но и како крилен напаѓач (лево и десно).

Рома во досегашниот трансферен период договори тројца играчи. Десниот бек Брајан Рејнолдс пристигна од Далас, потоа централниот бек Роџер Ибањез од Аталанта и голманот Руи Патрисио од Вулверхемптон.

ПретходноЛазаров „тркна“ до Нант на прозивка (ФОТО)
СледноРАСПРЕДЕЛБА НА МЕДАЛИТЕ ПО ДЕНЕШНИОТ ДЕН: Јапонија стигна до 13 „злата“, Кина е втора со еден помалку