Франција стигна до втора победа и „чекираше“ четвртфинале

80

Репрезентацијата на Франција по онаа одлична победа над селекцијата на САД стигна и до втората победа на кошаркарскиот турнир на Олимписките игри. Славеа над Чешка со 97:77 и со тоа веќе го заверија учеството во четвртфиналето.

Во францускиот табор најефикасни беа Фурние со 21 и Де Коло со 18 поени, додека во таборот на Чешка најдобри стрелци беа Балвин со 18 и Весели со 19 поени.

Американците и Французите веројатно ќе завршат на првите две места, а Чесите против тимот на НБА ѕвезди на САД ќе брка победа или минимален пораз, за да се најде на едно од двете најдобро пласирани селекции на третата позиција во групата и да обезбедат четвртфинале.

Четвртфинале избори и Австралија со денешната победа над Италија со 86:83. Тоа е втора нивна победа по онаа над Нигерија во 1.коло.

Во оваа група Австралија е прва со 4 поени, а Италија и Германија го делат второто место со по три поени. Нигерија има два. Во наредното коло Австралија ќе игра со Германија, а Италија е против Нигерија.

 

ПретходноОИ: Аргентина, Германија и Франција елиминирани, познати се четвртфиналните парови
СледноФранција на “мускули“ до триумф над Германците!