Шкупи без тренинг вечерва на Азорските острови!

488

Утре Шкупи, во реванш мечот од 2.квалификациско коло во Конференциската лига, ќе му се спротистави на силниот тим на Санта Клара. Еден од најдобрите во Португалија. Познато е дека во Скопје беше 0:3 за Санта Клара, па затоа утре од чаирчани се очекува да одиграат најдобро што можат со цел да го поправат впечатокот, иако јасно е дека против себе имаат силен, силен тим.

Интересно е тоа што Санта Клара е од градот Понта Делгада кој се наоѓа на Азорските острови, кој само од Португалија е одалечен 1.500 км. Се наоаѓа далеку, далеку западно среде Атлантскиот океан.

Изутринава чаирчани го одработија тренингот во Скопје и некаде после 16 часот полетаа за Азориските острови. Се очекува доцна вечер да пристигнат во Понта Делгада, а тоа значи дека веројатно нема да тренираат на стадионот на Санта Клара, каде утре од 22 часот по македонско време ќе се одигра овој натпревар.

ПретходноЦрвена Звезда продолжува во ЛШ, ја наполни мрежата на Алмати
СледноСолскјер на слатки маки