Шкендија на првиот меч во Рига, во 2.квалификациско коло во Конференциската лига загуби со 0:2, па токму затоа утре во реваншот ќе има многу тешка задача за да мине понатаму.
Се разбира дека шансите се тука, но треба да се одигра далеку подобро.
На денешниот прес по повод утрешниот меч со Летонците, кој почнува во 20 часот на Арената во Скопје, свој коментар имаше стратегот на нашиот првак Ернест Ѓока.
“Се знае дека посакуваме да се пласираме во следното коло. Во Рига игравме, но не постигнавме гол. Сега е време работите да се поправат. Тоа треба да се промени, реално не играме лошо. Треба да почнеме да погодуваме, конечно. Време е да почнеме да постигнуваме голови“ посочи Ѓока.
Тој се надоврза и на тие на кои што нема да може да смета на утрешниот меч:
“Освен Бруно Дита сите останати се во ред. Не успеавме него да го спремиме за утрешниот меч. Овој меч е специфичен, резултатот од првиот дуел ни наложува да нападнеме што се отвара простор за контрите на Рига. Сепак сме подготвени“ потенцираше стратегот на Шкендија.
Ѓока во продолжение истакна дека има разлика од таа Шкендија од пред неколку години и сегашната.
“Таа Шкендија која играше со Милан, која играше трипати во плејофот во ЛЕ беше сосема друг проект. Ова е едногодишен проект, па овие играчи лани го донесоа Тотенхем. Тоа се две различни нешта. Верувам во карактерот на овие момци, во нивниот квалитет. Утре мислам дека ќе биде пресвртница за нас“ заклучи тој.