Најдобриот тенисер на Светот, Новак Ѓоковиќ, се пласираше во 1/4 финалето на Олимписките игри во Токио.
Србинот во 1/8 финалето без проблеми со совлада шпанскиот тенисер Алехандро Давидович Фокина со 2:0, по сетови 6:3 и 6:1.
Шпанецот пропушти во првиот сет да му го земе сервисот на Новак. Имаше две брејк топки, но не ги искористи и Ѓоковиќ го казни. Во вториот сет Новак беше целосно доминантен.