Бадоса доби топлотен удар па го предаде мечот

299

Шпанската тенисерка Паула Бадоса, инаку 29. рангирана на светот на Олимписките игри во Токио доби топлотен удар и мораше да го предаде мечот против Маркета Вондроусова во рамките од четвртфиналето.

Бадоа го загуби првиот сет, а потоа се пожали на болки, беше повикан медицински тајм-аут, а потоа таа беше изнесена од теренот од страна на медицинскиот тим.

Во Токио во моментов е исклучително топло, а и големата влага не прави спортистите да се чувствуваа поудобно, па и самиот Новак Ѓоковиќ даде критики за организаторот кој налага тениските мечеви да се играат во лоши термини.

 

ПретходноАмерика си ја покажа силата, Германија подобра од Нигерија (ВИДЕО)
СледноСестра му на Роналдо не веруваше во Ковид па потоа зажали