Блажевска – Еминова на крајот на 40. место од 52 натпреварувачки

188

Уште една наша спортистка го заврши настапот на Олимписките Игри во Токио. Миа Блажевска Еминова која што денеска пливаше на 100 метри слободно, заврши на 40. место од 52 натпреварувачки.

Таа го освои првото место во својата квалификациска група со време од 57.19, но недоволно да се пласира во полуфиналето.

Таму се пласираа првите 16 од квалификациите.

Австралијанка Ема Мекион постави нов олимписки рекорд во квалификациите, откако исплива со време 52.13 секунди.

 

ПретходноТренерот на Георгиевски се откажа од наградата од Владата, бара да му се даде на Дејан
СледноФилип Миленковски се врати во Пелистер!