Пливачката штафета на Велика Британија во состав Том Дин, Џејмс Гај, Метју Ричардс и Данкан Скот го освои златниот медал во дисциплината 4×200 метри слободно на Олимписките игри во Токио.
Британците ја завршија трката со време 6:58.58 со што завршија прва пред Русија односно Италија.
Кети Ледецки од САД е нова олимписка шампионска на 1500 метри откако го освои златниот медал во една од најтешките пливачки дисциплини. Ледецки победи со време 15:37.34 минути. Нејзината сонародничка Ерика Саливен го освои второто место, а трета беше Германката Сара Колер.