Дејан Георгиевски, освојувачот на сребрен медал од Олимпијадата во Токио, утре ќе се врати во Скопје. Тој од Токио ги повика сите граѓани на прослава на овој голем успех утре во 19:30 часот на Триумфална капија.
„Благодарам за поддршката кон мене и мојот тим. Од Олимписките игри донесов сребрен медал со златен отсјај. Ве повикувам утре, четврток во 19:30 часот на триумфална порта на плоштадот заедно да го прославиме овој успех“, рече Георгиевски.