Тиквеш во своите редови донесе стопер. Прашањето околу ова место го реши со ангажман на Ристе Каракамишев. Тој летово премина во Борец, меѓутоа не се задржа долго, и се одлучи Велес да го замени за Кавадарци.
Во минатото Каракамишев играше за Кожув, Скопје и Силекс. Во тимот од Кратово беше дел до крајот на минтата сезона кога се реши да бара друга средина, по испаѓањето на тимот од прволигашка конкуренција.
Каракамишев треба да го потполни местото на Стефан Костов, кој што ги скина лигаментите и го чека долга пауза.