Капитенот на македонската ракометна репрезентација и предводник на сите национални селекции, Кирил Лазаров денеска се појави во Нант на прозивката пред стартот на новата сезона.
Македонската гол-машина веќе подолго време е во Македонија, се подготвува со кадетите за ЕХФ Шампионатот, кој од 09 до 15 август ќе се одржи во Скоопје Македонија е дел од групата А заедно со репрезентациите на Грција и Полска.
Иако наполни 41 година, Лазаров одлучи да ја одложи пензијата и да игра уште една сезона. Сето ова оди во прилог на нашиот најдобар национален тим, неговата цел е промената на генерација да мине безболно, а Македонија како и до сега да учествува на големите натпреварувања.
View this post on Instagram
ФОТО: НАНТ