Му го украле пасошот пред квалификациите, тајфун го одложи неговиот лет, на крајот дојде до злато на ОИ

454

Итало Фереира успеа да освои златен медал во сурфање на Олимписките игри во Токио. Но приказната која претходела на тој златен медал е како на филм.

Фереира доаѓа од скромно семејство, а случајно беше откриен на 12 години од тренер за сурфање на една плажа.

Во септември 2019 година Итало Фереира тренираше во САД за да се подготвува за Светското првенство во Јапонија, каде што требаше да обезбеди „виза“ за олимпијадата. Меѓутоа му беше скршен прозорецот од автомобилот, и украден неговиот пасош и визата за Јапонија. За среќа ја доби целата документација, па можеше да отпатува во Јапонија.

Но, пред да замине во оваа земја, силен тајфун ја погоди Јапонија, па неговиот лет бил одложен за 18 часа. Кога стигна до неговата дестинација, квалификациите веќе биле почнати, па така немаше време да оди до хотелот, па од аеродром директно заминал на плажата, и пристигна девет минути пред да почне да се натпреварува.

Со него немал ниту даска, ниту облека, па неговиот пријател Филипе Толедо му позајми даска. На крајот стана шампион и дојде до пласман на Олимпијадата на која сега освои и злато.

ПретходноНеверојатниот Милак се закити со златото и со нов Олимписки рекорд!
СледноРоглич донесе уште еден златен медал за Словенија