Новак се избори за похумани услови во Токио, тенисерите му се заблагодаруваат!

3572

Новак Ѓоковиќ со денови преговараше со организаторите на тенискиот турнир во Токио, и на крај успеа. Имено поместени се термините за тениските натпревари на Олимпијадата. Па така сега место во 11 часот по локално време, тие ќе почнуваат во 15 часот.

Познато е дека во Токио тенисерите постојано се жалеа на горештините, на нехуманите услови за игра. Па така Новак мораше преку цевка од машина за време на паузите да зема воздух, додека Данил Медведев јавно праша кој ќе биде виновен ако тој умре на теренот.
По оваа „победа“ на Новак, останатите тенисери и тенисерки преку социјалните мрежи јавно му се заблагодаруваат на најдобриот светски тенисер.

ПретходноБесарт Ибраими: Време е да почнеме да постигнуваме голови!
СледноВоска одигра 1:1 со косовска Малишева!