ОИ: Аргентина, Германија и Франција елиминирани, познати се четвртфиналните парови

312

Селекциите на Германија, Франција и Аргентина не изборија место во четвртфиналето на фудбалскиот турнир на Олимписките игри во Јапонија. Франција денеска изгуби од Јапонија со 0:4 и го освои само третото место во групата А.

Аргентина во последното трето коло, одигра само 1:1 со Шпанија што не беше доволно за пласман во наредната фаза. Шпанците се први во групата Ц, а Египет ја победи Австралија и се најде на второто место со исто бодови како и Аргентина но и позитивна гол-разлика. Австралија е последна.

И Германија не обезбеди место во нокаут фазата. Место нив понатаму оди Брегот на Слоновата Коска. Во директен дуел денеска овие две селекции одиграа 1:1 што за африканскиот тим значеше бод – доволен за втората позиција во групата. Германија е третопласирана, а Бразил е прв, додека Саудиска Арабија е последна.

По завршување на групната фаза познати се и четвртфиналистите.

ЧЕТВРТФИНАЛЕ
31.јули 2021

ЈАПОНИЈА – НОВ ЗЕЛАНД
ШПАНИЈА – БС КОСКА
ЈУЖНА КОРЕЈА – МЕКСИКО
БРАЗИЛ – ЕГИПЕТ

 

ПретходноРига пристигна во скопскиот пекол!
СледноФранција стигна до втора победа и „чекираше“ четвртфинале