“Пандевци“ потпишаа со поранешен младински репрезентативец на Србија!

1118

Сава Радиќ (23) е нов член на Академија Пандев. Станува збор за дефанзивец кој може да игра на бековската позиција, но и како стопер. Радиќ е и поранешен младински репрезентативец на Србија, играл во сите младински селекции од У-15 до У-19.

Во својата кариера има настапувано и за екипите на Чукарички, Бечеј, Трајал, Бачка а последен клуб му бил Дубочица.

Се разбира дека со Радиќ екипата на Академија Пандев и тоа како ќе ја зацврсти својата дефанзива.

ПретходноБлажевска-Еминова најдобра во својата квалификациска група, но недоволно за пласман во полуфиналето
СледноДочекот на Георгиевски утре на скопскиот плоштад во 19:30 часот