После седум години на чело на репрезентацијата на Швајцарија, Владимир Петковиќ се сели на клупата на Бордо. Ова го потврдија и челниците на Фудбалската федерација на Швајцарија.
“Владимир Петковиќ од нас побара раскин на договорот. Ние како Федерација му излеговме во пресрет и го раскинавме договорот“ објавија од Швајцарската федерација.
И двете страни не сакаа да говорат за финансиските детали, но медиумите во Швајцарија шпекулираат дека новиот клуб на Петковиќ ќе мора да плати 2 милиони евра отштета.
Пред да стане селектор на Швајцарија, со која имаше големи успеси, имено на последното ЕП стигна на чекор до полуфиналето, Петковиќ беше тренер на Лацио, Сион, Јанг Бојс, Самсунспор. Неговото име се врзуваше и со преземење на Фенербахче, но сепак се реши да ја прифати понудата на Бордо.