Ренова се спасуваше од пораз со Вардар во Охрид!

1064

Утринската пријателска средба меѓу Ренова и Вардар, одиграна во Охрид, заврши без победник, со резултат 2:2. Се разбира ова е мало изненадување ако се знае дека Ренова е прволигаш а Вардар второлигаш.

Во првиот дел вардарци одиграле сосема добро, имале и водство од 2:0, ја погодиле и стативата. Во вториот период Ренова стапила на сцена, нејзините играчи креирале повеќе шанси од кои реализирале само две. Па така и крајниот резултат од 2:2. Значи буквално Ренова се спасуваше од пораз во Охрид.

Инаку стрелци за Вардар биле Гроздановски во 4.минута и Блажевски од пенал во 36.минута. Додека за Ренова головите ги постигнале Бачков, кој е на проба, во 72.минута и Селмани од пенал во 84.минута.

После овој натпревар експедицијата на Ренова се враќа во Тетово, имено “гипсарите“ ги завршија подготовките во Охрид, додека Вардар останува покрај Охридското езеро да ја одработува најважната фаза од текот на подготовки.

ПретходноРеченицата „фудбалот е игра во која секогаш победува Германија“ не важи на Олимписките игри
СледноБлажевска-Еминова најдобра во својата квалификациска група, но недоволно за пласман во полуфиналето