Фудбалската репрезентација на Германија е елиминирана од Олимпискиот фудбалски турнир, по денешното „реми“ со Брегот на Слоновата коска од 1:1.
Германците иако важеа за големи фаворити, сепак, на крајот се спасуваа и од пораз со оглед дека имаа негатива. Некако успеаја да израмнат со еврогол, ама не и целосно да обезбедат пласман понатаму.
Во вториот меч, Бразил со 5:1 ја совлада Саудиска Арабија, и го продолжи патот во следната фаза.