Попладнево во Пехчево, во пријателски натпревар, екипата на Силекс со 1:0 успеа да го победи Трајал, тим од Србија. Стрелец на единствениот за кратовци беше Сашо Дуков. Голот падна по една убава акција кратовци, а Дуков успеа со шут со глава да го совлада голманот на екипата од Србија.
Да кажеме дека Силекс во следната сезона, заедно со Вардар, ќе се натпреварува во ВМФЛ -ЗАПАД. Амбициите на составот на стратегот Горазд Михаилов се јасни, тие се што побргу враќање во елитата,.
Впрочем таму му е и местото на актуелниот освојувач на Купот на Македонија.