Тиквеш се засилува со лев бек од Србија!

718

Мирза Идризовиќ (26), ќе биде најновото засилување во редовите на Тиквеш. Станува збор за лев бек, кој би требало да донесе освежување и квалитет во составот на стратегот Пане Блажевски.

Инаку Идризовиќ е роден во Косовска Митровица, има српски пасош, а играл во екипите на Слобода Чачака, Металац, Мокра Гора, Карслбрун (Германија), Трепча, а последен клуб му бил Тутин од каде и доаѓа во Тиквеш.

ПретходноНовата ѕвезда на Реал „закачил“ коронавирус, оди на лекување
СледноЛазаров „тркна“ до Нант на прозивка (ФОТО)