На вториот ден од ФИБА Челенџер турнирот во Софија на женските селекции под 18 години, Словенија ја совлада Македонија со 88:22. Со тоа нашите јуниорки го впишаа вториот пораз на овој турнир.
Во првата четвртина нашите јуниорки не постигнаа ни поен. Губеа со 34:0. На полувреме Словенките водеа со 45:13. Во третата четвртина беше 13:9 за Словенките, а во последната нашите јуниорки повторно не постигнаа поен. Го загубија со 30:0, па конечниот резултат гласеше 88:22.
Најефикасна во македонскиот тим беше Марија Димитријевиќ со 7 поени.