Во дербито на денот на ракометните терени, во дуелот меѓу вечните ривали, селекцијата на Франција со 30-29 (16-13, 15-16) успеа да слави голема и важна победа над жилавата селекција на Германија која не се предаваше до крајот на средбата. Сепак Карабатиќ и другарите имаа поголеми нерви во финишот и успеаја да победат, со што Франција и натаму е максимална. Име три победи во трите меча на олимпискиот турнир во групата А.
Најефикасен на мечот беше Кастенинг со седум погодоци, шест за Германците постигна Вајнхолд, додека кај Франција Мем стрелаше шест пати во мрежата на противникот.
Во дел од останатите мечеви, Норвешка ја победи Аргентина со 27-23, а Шпанија немаше поголеми проблеми против Бразил и славеше со 32-25.