Утре Шкупи, во реванш мечот од 2.квалификациско коло во Конференциската лига, ќе му се спротистави на силниот тим на Санта Клара. Еден од најдобрите во Португалија. Познато е дека во Скопје беше 0:3 за Санта Клара, па затоа утре од чаирчани се очекува да одиграат најдобро што можат со цел да го поправат впечатокот, иако јасно е дека против себе имаат силен, силен тим.
Интересно е тоа што Санта Клара е од градот Понта Делгада кој се наоѓа на Азорските острови, кој само од Португалија е одалечен 1.500 км. Се наоаѓа далеку, далеку западно среде Атлантскиот океан.
Изутринава чаирчани го одработија тренингот во Скопје и некаде после 16 часот полетаа за Азориските острови. Се очекува доцна вечер да пристигнат во Понта Делгада, а тоа значи дека веројатно нема да тренираат на стадионот на Санта Клара, каде утре од 22 часот по македонско време ќе се одигра овој натпревар.