Ал Ахли ќе биде новиот клуб на Езџјан Алиоски. И официјално, македонскиот репрезентативец го потпиша договорот.
Според најавите, Алиоски потпиша двегодишен договор, според кој ќе заработи околу 5 милиони евра.
Долго време траеше сагата на Алиоски. Беше најавуван како засилување за Галатасарај, па во уште неколку клубови, се споменуваше и Серија „А“, и на крај се одлучи да ја прифати понудата од Саудиска Арабија.