Тренерот на Шкендија, Ернест Ѓока не го криеше разочарувањето по поразот и елиминацијата на тетовскио тим од Рига вечерва. Неговата екипа без постигнат гол во Европа, се простува од меѓународните натпреварувања.
„Немавме среќа, се обидовме да дадеме се од себе, фудбалот е таков, знае да биде суров со нас. Ова е истиот тим кој играше добро лани, и освои титула во првенството. Верувам дека овој тим има потенцијал. Едноставно бевме казнети на сите четири меча за нашата слаба реализација. Не се надевавме на такво нешто, но тоа е тоа. Планиравме нешто друго, но се случи сосема спротивното“, изјави Ѓока по мечот.
На прашање зошто тимот не донесе повеќе засилувања летово, Ѓока одговори:
„Се обидувам да објаснам една работа која не се сфаќа. Јас не верувам во засилувања од две недели дека може да донесат промени. Ние засилувањата за Европа ги донесовме зимоска. Ова е тимот кој го донесе Тотенхем и кој донесе титула. Тим се гради со години, не со два дена. Ние семавме двајца играчи од Македонија летово, па се уште не се вклопени, не па да земевме странци од непозната средина“, изјави Ѓока.
Рихтерс: Заслужена победа
„Да им честитам на сите за успехот. Навистина игравме добро. Се подготвивме добро за мечот, знаевме дека ќе не нападнат со два напаѓачи. Ги анулиравме во нападите. Навреме постигнавме гол, а можевме уште еден или два, на крајот заслужено победивме и одиме понатаму. Шкендија е добар тим, има добри играчи, но дефанзивата им е послаб дел од тимот и голманот понекогаш сака понекогаш многу да игра со топка. Тоа е моето мислење“, изјави тренерот на Рига.