Алпај Јусуф (23) е најновото име во редовите на ФК Пелистер. Битолскиот клуб полека, но сигурно успева да ги консолидира своите редови и иако без квалитетни подготовки и без веројатно подготвителна средба, колку толку подготвено да го дочека стартот на првенството.
Алпај Јусуф е играч за врска, а доаѓа од второлигашот Кадино. Претходно има играно и за Силекс, Кит Го, Локомотива.
Тој по Филип Миленковски е второто засилување во редовите на битолскиот клуб во текот на овој летен преоден рок.
ФОТО: alpaj jusuf facebook